Фото: Фокус

ЗНМ одбележа 80 години постоење и ги додели годишните награди

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) вечерва на свеченост во Националната опера и балет одбележа 80 години постоење и ја додели годишната награда за истражувачко новинарство

Наградата ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Наградата за животно дело ја добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и фоторепортерот Роберт Атанасовски. Наградата за најдобра регионална и локална сторија ја доби новинарот Ардит Рамадани од „Порталб“.

Здружението на новинари додели и признанија на Владо Апостолов од БИРН, а наградата за известување на локално ниво ја доби новинарката Анета Блажевска.

На свеченоста, покрај бројните новинари, присуствуваа и амбасадори, претставници на политички партии, како и министри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот