Знаев дека го зезнавме Челси за Фернандо Торес

Поранешниот капитен на Ливерпул има интересно мислење за трансферот на Шпанецот.

Фернандо Торес три ипол сезони настапуваше за Ливерпул пред да добие повик од Челси кој на последниот ден од зимскиот преоден рок во 2011 година успеа да го донесе за тогаш рекордни во Премиер лигата 50 милиони фунти.

Торес на „Стемфорд бриџ“ пристигна како голема ѕвезда со хеликоптер притоа предизвикувајќи бес кај навивачите на Ливерпул.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, се надеваше дека „Ел Нињо“ ќе ги повтори игрите од Ливерпул за кого на 102 натпревари постигна 65 гола.

Но, до крајот на тогашната сезона, Торес во дресот на Челси постигна само еден гол и тоа по 903 минути, а за жал на Абрамович кој инситираше на трансферот, Шпанецот имаше катастрофален учинок.

Поранешниот капитен на Ливерпил, Џејми Карагер во емисија на Скај Спорт одлучи да го пецне колегата од Челси, Џон Тери.

– Не можев да верувам. Знаев дека го за***вме Челси. Торес по последните 12 месеци беше само сенка од стадиот Торес. Во првите 18 месеци во Ливерпул, тој беше најдобриот напаѓач на светот,а бидејќи играше добро против Челси, нивниот сопственик затоа сакаше да го купи. Имавме среќа бидејќи во таа сезона бевме катастрофални, но игравме добро против Челси, а Торес даде два гола и мислам дека тоа одлучи. Тие 50 милиони фунти беа шок за сите, не верувавме дека добивме толку пари за Торес – вели Карагер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот