Знаете ли што е Лабубу и зошто фановите со часови чекаат ред да го купат?
Што е Лабубу: Нордиското чудовиште од самовили кое го освојува светот и ги тера обожавателите да чекаат во ред ноќе
Препорачано
Инспирирани од нордиските преданија, овие меки фигури, наречени Лабубу, кои обично се продаваат во мали „кутии за изненадување“, привлекоа огромни толпи луѓе во продавниците во градовите од Бангкок до Куала Лумпур штом новата колекција се појави во продажба. Фигурите беа достапни и онлајн, каде што се распродадоа многу брзо.
Лабубу е дел од поголема група наречена „Чудовишта“ кои ги осмислил уметникот и писател од Хонг Конг, Касинг Лунг. Чудовиштата за прв пат беа претставени во трилогија сликовници инспирирани од нордиската митологија во 2015 година, а до 2019 година, компанијата за фигури „Поп Март“ ги претвори во вирални фигури кои денес го освојуваат светот.

Лабубу е опишана како „самовилско суштество“ и според „Поп Март“, „иако изгледа палаво, таа е добронамерна и секогаш сака да помогне, но честопати ненамерно предизвикува спротивен ефект“. Можеби, како што додаваат, таа изгледа малку застрашувачки, но нејзината намера е добра.
„Ако видите суштество кое личи на Лабубу, но има бодликава опашка, тоа не е таа. Тоа е Зимомо, водачот на Чудовиштата. И не, Зимомо и Лабубу не се пар. Лабубу веќе има дечко: Таикоко, чудовиште кое наликува на костур и е вегетаријанец“, се додава во соопштението.
Зошто Лабубу е толку популарна?
Зголемувањето на популарноста на Лабубу главно ѝ се припишува на Лиса од групата „Blackpink“, која ги популаризираше во интервјуа и на социјалните мрежи. Оттогаш, побарувачката експлодираше, а обожавателите беа подготвени да чекаат во ред ноќе и да платат значително повеќе од малопродажната цена.
Денес, линијата Чудовишта е најпродаваниот бренд на „Поп март“, а минатата година оствари продажба од 419 милиони долари, според извештајот на NBC News.
Новите фигури на Лабубу чинат помеѓу 13 и 16 долари во различни азиски земји, a стануваат сè попопуларни и во регионот, но цената воопшто не е наивна. Така на пример во Србија цената на овие кукли достигнува и до 80 евра.


