Знаете ли која диета е прогласена за најдобра од нутриционистите и докторите? Еве ја најновата листа на најдобри и најлоши диети!
Слободен печат
Пред
instagram
Во студијата чии резултати се објавени во US News & World Report познатите нутриционисти и доктори анализирале дури 39 популарни диети.
Ако размислувате за губење на килограми, размислете за диетата која веќе со години ја препорачуваат американските нутриционисти. Во студијата чии резултати се објавени во US News & World Report познатите нутриционисти и доктори анализирале дури 39 популарни диети, меѓу кои (повторно) диетата DASH победила.
На почетокот била создадена за намалување на крвниот притисок, но подоцна се покажала како многу ефикасна во загуба на килограми и стеснување на струкот.
Победничка диета
За разлика од другите трендовски диети кои имаат штетно влијание врз здравјето, за DASH диетата научно е докажано дека делува спортивно – го чува и зајакнува здравјето.
Наместо да се оптоварувате со броење на калории и количина на масти, авторката на оваа диета смета дека за успешно слабеење треба да се сконцентрирате на типот храна која ја конзумирате. Тајната е во тоа да се фокусирате на избор на протеини и здрави масти кои ќе ви помогнат да постигнете чувство на ситост и да го држите под контрола вашиот апетит.
Диетата е поделена во две фази. Првата, која трае две недели, е преодна фаза во која значително се намалуваат јагленохидратите, а целта е да се забрза метаболизмот. Оваа фаза изобилува со протеини, а забранува внес на шеќери, овошје и житарки во текот на тие 14 дена.
Во втората фаза, диетата предвидува постапно внесување на житарки, овошје и зеленчук кој содржи скроб, а помага процесот на слабеење да продолжи како и да се подобри нивото на холестерол и шеќер во крвта. Авторката на диетата, Марга Хелер, вели дека првичната намера не била слабеење, и дека ритамот на слабеење варира од лице до лице, но факт е дека секој кој ја пробал оваа диета во првите две недели губи во просек околу две ипол килограми, додека во следните два до три месеци загубата е од 5 до 16 килограми.
На дното на скалилото се диетите кои се рестриктивни. На последно место, односно 39.место, е Кетогената диета, која е омилена диета на Кортни Кардашијан. Диетата се темели на исклучување на јагленохидрати и висок внес на протеини и масти.
На 38.место е Палео диетата, која форсира начин на исхрана како што се хранеле нашите претци за време на палеолитот. Нутриционистите ѝ дале ниски оценки затоа што е тешко придржувањето до диетниот режим но и бидејќи елиминира цела група храна како што се млечните производи и житарките.
Меѓу најлошите диети, на 37.место, е и диетата Whole, која трае еден месец и ја елиминира целата преработена храна и млечните производи, а строго забранува конзумирање на шеќер.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …
Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски. Ако …