Знаци кои укажуваат дека вашиот партнер се плаши од сериозна врска!

Ако вие барате сериозен партнер, следете ги знаците што ви укажуваат дека не треба да си го губите времето и да чекате да се смени.

Ова се најчестите причини и знаци зошто некој не би сакал да се обрзува на сериозна врска:

Лошо искуство од минатото

Луѓето кои се плашат од сериозна врска всушност имаат ужасен страв дека ќе бидат повредени. Ако погледнете во нивната историја на врски, најверојатно ќе сфатите дека во некои од претходните врски го извлекле подебелиот крај. Значи, биле во брак или во врска што е за нив завршиле лошо. Исто така, некои луѓе се плашат од обврзување не поради своите лоши искуства, туку поради лошиот брак на нивните родители, ако едниот од нив бил изневерен или страдал во бракот. Со оглед на тоа дека биле сведоци на болка нанесена во врската, одлучиле да се држат подалеку од такви ситуации.

Имале само кратки врски

Луѓето кои се плашат од посветеност обично излегуваат од врската по три месеци, кога обично врската станува малку посериозна. Исто така, треба да се земе предвид и какви биле нивните претходни партнери: дали биле од друг град или луѓе презафатени со работа? Ако е така, тоа значи дека полесно им било да „одржуваат врска“ со некој кој не бара време и внимание.

Не ги знаете неговите/нејзините пријатели и семејството

За нив, партнерот е целосно одделен дел од животот, бидејќи колку повеќе од неговите/нејзините блиски знаат за вас, тоа значи дека вие сте им блиски и сте дел од нивниот живот, а тоа ги плаши. Исто така се плашат дека ќе се зближите со неговите/нејзините блиски и тоа ќе го отежне евентуалното раскинување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот