21.8 C
Скопје

„Златното млеко“, помош за жените во менопауза

Во периодот на менопауза не смеете да си дозволите да дехидрирате, во спротивно може да се појават проблеми како висок крвен притисок и холестерол, но и дебелеење и дијабетес тип 2. Исто така, за да го регулирате дисбалансот на хормоните на природен начин, многу од лекарите и жените кои пробале, велат дека спасот е во овие четири здрави рецепти. Одлични се за зачувување на здравјето, детоксикација и добра витална енергија, а особено им годат на жените во менопауза.

1. Моќен антиоксидантен пијалак

Состојки:
1 банана
1/2 шолја бобинки
1/2 шолја јагоди
1 лажица гоџи бобинки
1/2 шолја кокосова вода
1 чаша незасладено бадемово млеко
1 лажица кокосово масло
1 лажичка мача прав (од зелен чај)
1 лажица семе од чиа или од лен

Подготовка:
Додадете ги сите состојки во блендер и измешајте. Ако пијалакот е премногу кремаст, можете да додадете малку вода.

„Златно млеко“

Пијалакот со млеко и куркума се нарекува и „златно млеко“ и брзо ги враќа хормоните во рамнотежа, освежува и смирува, ја подобрува циркулацијата и има позитивен ефект врз целото тело. Најголем ефект има врз метаболизмот на естрогенот.

Подготовка:
Додајте половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло во 200 мл жешко млеко. Можете да додадете и мед по желба. Овој пијалак е најдобро да го пиете во вечерните часови.

Зелено смуди

Состојки:
1 шолја вода
1 грст спанаќ или кељ
2 лажици цеден грејпфрут
1/2 шолја сок од цеден лимон
1/2 авокадо
1 лажица кокосово масло
1 лажичка мача прав (од зелен чај)
1 лажица семе од чиа или од лен

Подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги во блендер додека не се соединат. Ако не го испиете целиот пијалак одеднаш, можете да го чувате во фрижидер еден ден.

Антисимптоматски пијалак од куркума

Главната состојка на ова смуди е куркума, моќен фитоестроген, антиоксидант и антивоспалителен зачин. Куркумата помага во регулирање на хормоните и детоксикација на организмот, па затоа особено им се препорачува на жените во менопауза.
Состојките во овој пијалак успешно ги регулираат непријатните симптоми за време на менопаузата, овозможуваат слабеење и му помагаат на телото полесно да ги прифати новите промени.

Состојки:

1 банана
1 шолја сечкано манго
1 лажица свеж сок од лимон
1 рамна лажичка куркума
прстофат црн пипер
1 лажица органски мед
1 шолја незасладено бадемово млеко
1 лажица кокосово масло
1 лажичка мача прав (од зелен чај)
2 лажици ленено семе

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во блендер и уживајте во здравиот пијалак.

Поврзани вести

Познатиот југословенски киоск „К67“ беше поставен на „Тајмс Сквер“ во Њујорк: Но, дали светот знае за неговата културолошка историја?

Слободен Печат

Најмоќната деловна жена во светот: Шерил Сандберг прозборе дескриминацијата на жените во пандемијата

Слободен Печат

„Порака во шише го преминала Атлантикот“: По неколку години се создало неочекувано прекуокеанско пријателство

Слободен Печат

Погледнете што има да каже Ким Кардашијан за сопствениот љубовен живот

Слободен Печат

Џастин Бибер сподели ретка фотографија со неговиот татко: Тато, те сакам со целото мое срце

Слободен Печат

Погледнете кои хороскопски знаци се најдобри родители – рангирани!

Слободен Печат

Остави Коментар