Доделени „Златните Глобуси“: Погледнете кој доби најмногу награди на синоќешното шоу

Profimedia
February 28, 2021, Los Angeles, California, USA: The 78th Annual Golden Globe Awards at the Beverly Hilton in Beverly Hills, CA on Sunday, February 28, 2021.,Image: 594222775, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: HFPA / Zuma Press / Profimedia

Доделувањето на наградите на „Golden Globes“ се случи вчера, на 28 март. Оваа година, поради пандемијата на коронавирусите, 78-то доделување на наградите се одржа претежно виртуелно, а водителите на церемонијата, Тина Феј и Ејми Полер го водеа шоуто од две локации, едната од Њујорк и другата од Лос Анџелес.

По Оскарите, „Golden Globes“ е најважната награда во филмската и телевизиската индустрија, номинираните и добитниците ги избираат членовите на Холивудската асоцијација на странски новинари „HFPA“.

Nomadland“, во режија на Клои Зао ја освои наградата за најдобра драма. Во филмот главната женска улога ја толкува Франсис МекДорманд, која во големата криза во 2008 година губи апсолутно сè и решава да живее номадски живот.

Клои Зао исто така ја освои наградата во категоријата за најдобар режисер, со што стана втората жена во историјата на наградите што ја добила наградата во таа категорија.

Наградата за најдобар филм, мјузикл или комедија му припадна на филмот „Borat Subsequent Moviefilm“ со Саша Барон Коен во главната улога. Коен, исто така, доби награда за најдобар актер во комедија или мјузикл, додека „Golden Globe“ за најдобра актерка во комедија или мјизукл за улогата во филмот „I care a lot“ ѝ припадна на Розамунд Пајк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes)

Чедвик Боусман постхумно ја доби наградата за најдобар филмски актер во драма, кој пред шест месеци почина на 43-годишна возраст шокирајќи ги обожавателите ширум светот. Наградата ја доби за главната улога во филмот „Ma Rainey’s Black Bottom“, а во таа категорија беше номиниран и легендарниот велшки актер Ентони Хопкинс, додека наградата за најдобра актерка во драма ѝ припадна на Андра Деј за филмот „The United States vs Billie Holiday“.

Драмата „Mank“ на „Netflix“, во режија на Дејвид Финчер, имаше најмногу филмски номинации – шест, вклучувајќи ги и најважните, за најдобра драма, но не доби ниту една награда.

Но, стриминг сервисот „Netflix“ со шест награди во категоријата телевизиски серии и четири „Golden Globes“ во категоријата филм сепак беше најуспешен од сите дистрибутери.

Серијата „The Crown“ на „Netflix“, која го прикажува животот на британското кралско семејство, беше прогласена за најдобра драмска телевизиска серија. Еми Корин која ја игра младата принцеза Дајана во серијата, беше прогласена за најдобра актерка во драмска телевизиска серија, победувајќи ги ветераните Оливија Колман и Лора Лини. Во истата категорија, наградата за најдобар актер за драмска серија, му припадна на Џош О`Конор кој го игра принцот Чарлс во „The Crown“.

Ден Леви и неговиот татко Јуџин Леви кои се главни актери и креатори на серијата „Schitt’s Creek“ на „Netflix“ ја освоија наградата во категоријата за најдобра хумористична телевизиска серија. Кетрин О`Хара од истата серија ја освои наградата во категоријата најдобра актерка во телевизиска серија од жанрот комедија или мјузикл.

Големиот хит од минатата година на „Netflix“ кој ја освои публиката ширум светот „The Queen’s Gambit“ победи во категоријата лимитирана серија.

За најдобар актер во хумористична серија, „Golden Globe“ му припадна на Џејсон Судејкис за улогата во серијата „Ted Lasso“.

„Minari“ – најдобар интернационален филм

Корејско-американскиот филм „Minari“ е најдобриот интернационален филм. Станува збор за семејна драма со елементи на комедија во која едно корејско семејство се сели во државата Арканзас во потрага по „американскиот сон“.

Британецот Даниел Калуја ја доби наградата за најдобра споредна машка улога за улогата на Фред Хамптон во филмот „Judah and the black messiah“.

Неговиот сонародник Џон Бојега ја доби наградата за споредна улога во телевизиската серијаSmall Axe“ за животот на афроамериканците во 1970-тите години во Лондон.

Во категоријата најдобра споредна улога за филмот „The Mauritanian“ победи Џоуди Фостер, додека филмот „Soul“ ја доби наградата за најдобар анимиран филм.

Награда за животно дело на Џејн Фонда

Американската актерка и активистка Џејн Фонда ја доби наградата „Cecil B. DeMille“ за животно достигнување во филмската индустрија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот