
ФОТО | „Златниот пресек“ пресуди: Ова се 10-те најубави супермодели во светот
Истражувањето ги откри десетте најубави супермодели во светот. Ова се пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон. Метод се заснова на „златниот сооднос“ или „златниот пресек“ познат и како „божествен сооднос“, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Тој тврди дека колку е поблизок односот на клучните компоненти како обликот на лицето и вилицата до бројот 1.618, толку жените се поубави.
– Сите се прашуваме кој е навистина најубавиот од супермоделите и ова е најблиското објаснување што можеме да го добиеме врз основа на симетријата на лицето и класично убавите црти – објаснил тој.
Значи, која убавица е на врвот на листата?
Британскиот супермодел Кејт Мос, која се прослави во 1990-тите, е на врвот на неговата пресметка со 94,14 отсто. Де Силва тврди дека Кејт е најблиску до идејата на старите Грци за „совршеност“ врз основа на положбата на нејзините очи, обликот на лицето, носот, ширината на усните и линијата на вилицата. Две карактеристики се издвојуваат кај неа: нејзината совршено обликувана вилица (со резултат од 96,5 отсто) и брадата (со 95,6 отсто).
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Синди Крафорд, која беше на насловните страници и модните писти во текот на 1980-тите и 1990-тите, е веднаш зад Мос со резултат од 93,86 отсто. Таа би ја надминала Мос доколку не добиеше полоша оценка за усните (84 отсто), рекол Де Силва. Синди се истакна во три категории: брадата (99,9 отсто), положбата на очите (99,4 отсто) и челото (98,6 отсто).
View this post on Instagram
На третото место се најде Жизел Бундшен со резултат од 93,11 отсто. Докторот Де Силва истакна дека Бундшен има најдобро растојание меѓу усните и носот во споредба со другите модели на оваа листа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Целата листа на 10-те најубави супермодели:
Кејт Мос – 94,14 отсто
Синди Крафорд – 93,87 отсто
Жизел Бундшен – 93,11 отсто
Џордан Дан – 91,39 отсто
Вини Харлоу – 91,03 отсто
Кендал Џенер – 91,00 отсто
Лиу Вен – 90,98 отсто
Кара Делевињ – 89,97 отсто
Емили Ратајковски – 89,37 отсто
Наоми Кемпбел – 89,26 отсто
View this post on Instagram
View this post on Instagram