ЖРК Ѓорче Петров во осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ

Македонскиот женски ракометен клуб Ѓорче Петров продолжува успешно сезонава во Европскиот куп на ЕХФ.
По триумфот во првиот меч во Белгија од 45:39, и на реваншот во Скопје нашиот претставник со доста висок резултат 48:36 го совлада Еупен.
Коларовска и Ризоска со по 11 голови беа најефикасните во победата, а по седум реализираа М. Јанкуловска и А. Јанкуловска.
На тој начин продолжува успешната серија на резултати на ракометарките предводени од тренерот Симе Симовски, по двете победи над црногорскиот Тиват.
Жрепката за осминафиналните двојки е закажана за во вторник (21 ноември) од 11.00 часот. Првите мечеви од оваа фаза ќе се играат на 13 и 14 јануари и возвратните дуели на 20 и 21 јануари 2024 година.
Во жрепката нема да биде ланскиот шампион Коњалти од Турција на трите наши интернационалки Ивана Гакидова, Елена Ѓорѓиевска и Моника Килдан Јанеска кој беше елиминиран од шпанскиот Гранољерс.
Покрај Ѓорче Петров, во осминафиналната фаза се и екипите на Елче (Шпанија), Бенфика (Португалија), Јенимале (Турција), Ајдовшчина (Словенија), Мадеира (Португалија), Салерно (Италија), Кинзварт (Чешка), Бјеловар (Хрватска), Јаликавак (Турција), Венло (Холандија), Гран Канарија (Шпанија), Гранољерс (Шпанија), Ериче (Италија), Пилаја (Грција) и Јувента Михаловце (Словачка).