Жозеп Мариа Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија.
Препорачано
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
– Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок. Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим – вели Берокал.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
– Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија. Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи. Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои – рече Берокал на денешната промоција.
ФОТО | Промовиран е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Жозе Берокал
Селекторот Берокал го објави списокот за февруарскиот ФИБА „прозорец“


