Жива и сребро најдени во водата од каналот кај Таор, каде што извираше бела пена
Жива и сребро се најдени во одводниот канал кај селото Таор, од каде на 21 ноември лани извираше чудна бела пена, покажуваат резултатите на Институтот за јавно здравје, а по испитувањето на мострите земени од површинската вода во каналот, објави СДК. Испитувањето беше извршено по барање на АД „Водостопанство“.
Препорачано
„Има зголемен број на термотолерантни колиформни бактерии, има зголемени концентрации на жива, а од страна на ИЈЗ е препораката да се следи појавата на жива која е невообичаена досега, а претставува опасност за рибниот фонд и здравјето на луѓето доколку се консумира истата. Исто така, има и зголемување на нитрити како азот, како и појава на зголемено сребро“, изјавија од Државниот инспекторат за животна средина за СДК.
Во овој канал, како што велат од Инспекторатот, завршуваат сите отпадни води од општините Гази Баба, Илинден, Арачиново и Петровец. Скопје уште нема пречистителна станица за третман на отпадни води.
Инцидентот, кој беше регистриран на 21 ноември лани, според Инспекторатот се случил веднаш по активирањето на пумпите за отпадни води од системот на Скопско Поле, при што визуелно било утврдено можно сериозно хемиско загадување на Вардар.
ФОТО: Чудна бела пена извира од канал крај Вардар во Скопско, итно се анализираат примероци


