Жители на Шипковица направиле масакр на букова шума на Шара, стара и до 80 години

Архива: Слободен печат

При вршење на контрола на теренот денеска во 11:20 часот, во атарот на село Бродец се затекнати две лица како вршат бесправна сеча, соопштија од Националниот парк. Лицата немале документи за идентификација, а по нивна изјава се жители на село Шипковица.

„Местото каде се затекнати лицата е на катастарска парцела број 916, место викано Црни Врв, култура шума, заведена во Имотен Лист број 469 за КО Бродец, сопственост на Република Северна Македонија. Според зоните за заштита, местото се наоѓа во зоната на активно управување во рамките на Националниот Парк „Шар Планина“.Чуварската служба на ЈУНПШП направи обиколка на пошироката околина, при што беше евидентирана многу поголема штета. Покрај моменталната штета од бесправно посеченото дрво, претставниците на крим техника ја евидентираа и документираа направената штета на целокупното подрачје“, соопштија од НП Шар Планина.

Насадот во кој е извршена бесправната сеча е квалитетна едновозрасна букова шума на добри месторастежни услови, со возраст од 60 до 80 години.

„Според спецификациите, во моментот кога се затекнати на лице место, лицата имаа соборено и вршеа обработка на 4 букови стебла со вкупна дрвна маса од 2,07 м³, која дрвна маса обработена во сортименти со должина од 1 метар, погодни за огревно дрво, се наоѓаат на местото на сечата. Низ пошироката околина, која некогаш претставувала висококвалитетен шумски комплекс со голема површина, видливо е дека слични бесправни сечи се вршени од пред неколку години до пред неколку децении, пред прогласување на подрачјето за Национален парк. Оваа како последица оставило деградирана шума, разбиен склоп, расфрлана недоработена дрвна маса која е неупотреблива и со загубен технички и калоричен каацитет. Не се забележливи никакви ознаки за организирана сеча, што значи дека сите овие активности се одвивале бесправно“, велат од НП Шар Планина

Дрвната маса од бесправно посечени стебла во радиус од околу 100 метри е 77,18 м³ или 142 букови стебла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот