Жители на новозеландски град тероризирани од „борбите со звучниците“ со песни на Селин Дион

Нов зеланд автомобил илустрација / Фото: Jungho Kim / Zuma Press / Profimedia

Мал град во Нов Зеланд зафатен од „борби со сирени“ ги повикува властите да се вклучат и да ја прекинат вревата. Некои од жителите на градот, користат додатни звучници на нивните автомобили, кои обично се користат за сигнализирање на итни случаи, за да пуштаат песни од славната канадска пејачка Селин Дион, пишува Гардијан.

Битките се дел од субкултурата во Нов Зеланд каде што љубителите на музиката ги покриваат своите автомобили со десетици индустриски звучници и сирени, а потоа се натпреваруваат да ги имаат најгласните и најчистите звуци.

Градоначалничката на Порируа, Анита Бејкер, рече дека жителите ноќе се будат од автомобилите што по улиците пуштаат прегласна музика, а некои ги поставуваат на паркинзите, каде се натпреваруваат кој има погласни звучници.

„Треба да најдеме алтернатива за овие луѓе да одат на друго место или да престанат“, рече Бејкер.

Музиката на Селин Дион е популарен избор на битките со сирени, кои потекнуваат од населението Пасифика во јужен Окланд. Додека настаните предизвикуваат многу поплаки за бучава, битките со сирените исто така ја развија заедницата. Извештајот на локалниот медиум Спиноф го цитирала членот на една група кој објаснил дека музиката на Дион е популарна затоа што е чиста, со високи тонови и не многу бас. Но, Бејкер вели дека „кралевите на сирените“ на Порируа ги тероризираат жителите со несакани сфаќања за класиците на Дион.

Петицијата со која се бара да интервенира локалниот совет, започната претходно овој месец, собра стотици потписи. Десетици жители, исто така, се пожалија на Бејкер, вклучително и некои кои размислуваат да се оддалечат од градот доколку проблемот продолжи.

Претходно во Порируа имаше примирје со организирани битки со сирени кои се упатија кон индустриските области далеку од домовите и завршуваа до 22 часот, рече градоначалничката. Меѓутоа, во последната година, се случија многу битки во центарот на градот и во станбените области „емитувајќи музика и звуци од итни сирени во сите часови на ноќта“, се вели во петицијата со која се бара советот да го реши проблемот.

Бејкер рече дека географијата на Порируа, во близина на Велингтон, го влошува проблемот.

Полицијата примила извештаи за околу 40 инциденти поврзани со битките со сирените помеѓу февруари и октомври оваа година, според извештајот во РНЗ. Портпаролот на полицијата рече дека властите се обидуваат да ги идентификуваат лицата кои украле звучници и дека тимовите на окружната полиција биле известени за обновувањето на битките со сирените во Порируа. Бејкер работи со полицијата, регионалните и локалните власти на советот за да се реши проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот