Жена во Грција ја претепала до смрт мајката на своето момче и го инсценирала злосторството како грабеж, иако навистина дошла да ја ограби
Полицијата ја повикала на распит осомничената и во вторникот наутро била приведена откако наводно признала дека имала големи долгови од коцкање и знаела дека мајката на нејзиниот партнер дома чувала околу 8.000–10.000 евра во готовина и во други вредности.
Жена во Грција наводно признала дека ја убила мајката на својот партнер во напад за кој полицијата верува дека бил намерно инсцениран да изгледа како грабеж што излегол од контрола, соопшти полицијата во вторникот, објави „Катимерини“.
Препорачано
Жртвата, жена на 75 години, била пронајдена претепана до смрт во својот дом на островот Салмина во Саронискиот Залив на 31 октомври. Од куќата недостасувале значителна сума пари и неколку парчиња накит, па истражителите првично се сомневале дека станува збор за убиство за време на грабеж.
Но, сведочењата од членови на семејството, пријатели и соседи ја насочиле истрагата многу поблиску до домот.
Исчезнат тетовец е пронајден убиен во нива, некој го застрелал во неговиот џип
Полицијата ја повикала на распит 46-годишната осомничена жена и во вторникот наутро била приведена по наводното признание дека имала големи долгови од коцкање и знаела дека мајката на нејзиниот партнер дома чувала околу 8.000–10.000 евра во готовина и во други вредности.
Таа наводно признала дека влегла во куќата со кршење прозорец, што не бил покриен од надворешните безбедносни камери, и ја нападнала постарата жена, а потоа ги превртела нејзините работи.
Осомничената тврди дека ја нападнала зашто се исплашила дека била препознаена, иако лицето ѝ било покриено. Се соочува со обвиненија за убиство со умисла, меѓу други кривични дела.
Обдукцијата на телото на 75-годишната жртва покажала дека претрпела тешки повреди на главата, вратот и градниот кош нанесени со тап и продорен инструмент.


