СВР тетово/ фото: МИА

Жена од Тетово пријавила дека некој ѝ дал непристојна понуда на ќерка ѝ, испадна дека лажела

45-годишна тетовчанка во октомври пријавила дека некој ѝ нудел пари за сексуални услуги на нејзината малолетна ќерка. Но откако полицијата тоа го проверила, било откриено дека жената дала лажна пријава, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против 45-годишна жена од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 30.10.2025 во СВР Тетово таа лажно пријавила дека на 26.10.2025 во Тетово едно лице понудило пари во замена за сексуални услуги на нејзината малолетна ќерка“, велат од полицијата.

Дрвокрадец без возачка дозвола им избегал на полицајци со „Лада“ по улиците на Кавадарци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот