Жена од Скопје останала без 36.000 евра – му ги дала на измамник кој ја излажал за ќерка ѝ
Во нов случај на измамата со лажен лекар и сообраќајна несреќа, 71-годишна жена од Скопје останала без досега најголемиот плен во ваквите измами – 36.300 евра.
Препорачано
Како што информираат од МВР, вчера попладне жената ја пријавила измамата.
„Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полицаец и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција. Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите“, пишува во полициското соопштение.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата, иако досегашните мерки не резултираа со расчистување на ниту еден од десетици вакви случаи од почетокот на годинава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
47мин
-
49мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


