Жена на 88 години во близина на Славонски брод примила вакцина, паднала во бессознание и починала: ХЗЈЗ – смртта не е поврзана со вакцинацијата

epaselect epa09038092 EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во Хрватска, откако претпладнево прими вакцина против коронавирус, 88-годишна падна, се онесвести и почина на лице место. Како што објави индекс.хр, жената починала во Стари Перковци, недалеку од Славонски брод.

– За целиот случај е известено и Министерството за здравство, како и Заводот за јавно здравје. Она што во моментот може да кажам е дека ќе следува истрага за чии резултати, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави директорот на бродско-посавскиот Завод за јавно здравје, доктор Анте Цвитковиќ.

Неофицијално, жената, во присуство на медицинска сестра, била вакцинирана од докторка по семејна медецина.

ХЗЈЗ и ХАЛМЕД во изјава за јавноста наведуваат дека смртта на 88-годишна жена кај Славонски Брод нема никаква каузална врска со вакцинацијата и дека првите информации покажуваат дека жената починала од срцев удар. Порталот Индекс. хр го пренесе соопштението во целост:

„Агенцијата за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД) и Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) добија извештај за несаканиот настан со фатален исход кај 88-годишно лице поврзан со употребата на вакцината. Спроведена е итна постапка за проценка на овој случај и утврдено е дека нема никаква причинско- последична врска со вакцинацијата.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот