Жена јавно ѝ се обрати на Александра Пријовиќ: Се изнамачив повеќе отколку кога се пораѓав

Foto: Printskrin/Instagram

Александра Пријовиќ минатата година на својата турнеја „Од исток до запад“ испеа на 16 концерти, од кои 5 беа во загрепската Арена во декември. За оваа година во моментов се најавени 8 концерти, од кои четири ќе се одржат во Осиек. Пејачката вчера го најави четвртиот концерт за 17 февруари.

„Осиек, се гледаме на четвртиот концерт на 17 февруари. Среќна сум што ќе ти ја исполнам желбата, од сè срце ти благодарам за љубовта што ми ја даваш“, рече Пријовиќ.

Александра ден порано го најави вториот концерт во Нови Сад. Според коментарите на социјалните мрежи, се чини дека публиката имала проблеми со купување билети.

„Страшно, се трудиме, но никако не можеме да купиме билети, ве молиме организирајте поинаква продажба на билети за да биде достапна за сите на продажните места.“; „ Мој совет е да ја преземете апликацијата и да купите таму. Мислам дека е полесно. Купени билети“, напишаа некои од обожавателите.

Меѓутоа, една госпоѓа која се  трудела да купи билети за својата ќерка со својот коментар на социјалните мрежи насмеа многу луѓе. Таа лично ѝ се обрати на српската пејачка за проблемите што ги имала со билтетите.

„Госпоѓо Пријовиќ, повеќе се изнамачив да ѝ купам карта на ќерка ми отколку кога се пораѓав“, напиша таа и собра над 350 лајкови на својот коментар.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Александра Пријовиќ „излета“ од студиото за време на гостување: Oткриено од што се исплаши

КРИЕЛА ОД ЛЕПА БРЕНА: Неверство и драма во семејството Живојиновиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот