Жена ја претворила мајка си во мумија: не се знае од кога 82-годишната Германка го чувала телото дома
Во куќа во Долна Баварија, полицајци на почетокот на февруари го пронашле мумифицираното тело на повозрасна жена. Не се пронајдени индиции за насилна смрт, но се појавува друг сомнеж, објави „Велт“.
Препорачано
По пронаоѓањето на телото во куќа во Долна Баварија, се води истрага за сомнеж за измама против ќерката на починатата. Телото, според проценките, лежело неколку години во куќата во Румансфелден во округот Реген, соопшти полицијата по обдукцијата.
Колку точно време телото било во куќата пред да биде пронајдено на почетокот на февруари, останува нејасно.
Нова полемика за мумијата во Полска: Дали „мистериозната дама“ навистина била бремена и имала рак?
Се сомнева дека 82-годишната ќерка и понатаму ги примала пензиските исплати на мајка ѝ. Поради тоа, криминалистичката полиција и обвинителството ја истражуваат можноста за измама.
Осомничената, според полицијата, во меѓувреме самата се пријавила на лекување во специјализирана медицинска установа.
Според досегашните наоди, нема индиции за насилна смрт на мајката.
Сепак, истражителите не успеале да утврдат ниту точна причина за смртта на жената родена во 1922 година.


