Жена фрлила отпушок од автомобил во Виена, па заработила казна од 450 евра

Unsplash
Фото: Unsplash

Една 26-годишна жена од Виена ќе мора да плати 450 евра казна заради фрлен отпушок од автомобил.

Настанот се случил во јуни, кога полицијата ја запрела заради фрлениот отпушок од прозорот на автомобилот.

Таа вели дека веднаш знаела дека нешто направила погрешно и дека сакала да ја плати казната на лице место. Меѓутоа, полицајците биле немилосрдни и рекле дека ќе поднесат пријава.

Жената после две недели на домашна адреса добила уплатница со казна во висина од 450 евра.

Бидејќи сметала дека казната е превисока, таа одлучила да поднесе жалба. Меѓутоа, сега судот во Санкт Пелтен ја отфрли жалбата.

Судијата оценил дека таа можела изгаснетата цигара да ја задржи во колата и дека 450 евра за фрлање отпушок на улица од автомобил е најниската казна. Сега жената мора да плати 450 евра заедно со 90 евра додатни трошоци на такси за жалбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот