Жељко Бебек со сопругата Ружица / Фото: Фејсбук/Жељко Бебек

Жељко Бебек со најемотивната приказна за сопругата од која е постар 36 години

Легендарниот пејач Жељко Бебек ја разнежни јавноста со емотивна објава посветена на својата сопруга Ружица, по повод нивната годишнина.

„Моја Ружице, уште една прославивме заедно! Ти благодарам за секоја година љубов, смеа и сето наше најубаво. 24.

6. 4. 2002“, напиша Бебек, споделувајќи ја својата благодарност и љубов кон сопругата.


Пејачот, роден во 1945 година, е во брак со Ружица, која е значително помлада од него, а нивната врска со години привлекува внимание во јавноста. И покрај разликата во години, тие важат за складен пар кој често споделува заеднички моменти на социјалните мрежи.

Легендата на југословенската рок-музика во декември лани го прослави својот 80. роденден. Пејачот, со кариера долга повеќе од половина век, доби бројни честитки, но неговата сопруга Ружица му упати посебна.

Со заедничката фотографија, на која позираат со своите деца Катарина и Звонимир, Ружица му испрати емотивни зборови:

„Среќен роденден, љубов! Твоите први 80, а нашите 28. Каков крал си, татко на нашите деца, мое сè… Те сакам, знаеш ти сè, секогаш – засекогаш“, напиша таа во описот на фотографијата.

Од претходните бракови, Бебек има две ќерки – Силвија и Бианка. Од сопругата Ружица е постар 36 години.

Интересно е што неговата најстара ќерка е пет години постара од неговата сегашна сопруга. Неговиот син Звонимир свири гитара со него во бендот.

„Па, како што е вообичаено, најстарата ќерка веќе има над 50 години, а најмладата има само околу 20 години, но генерално односот е добар. Секако, повеќе сум во контакт со помладите, бидејќи сè уште треба да им помогнам да одат по патот што го сакаат и што мислам дека треба. Достапен сум не само за овие млади луѓе, туку и за постарите ќерки Силвија и Бианка“, изјави Бебек неодамна за „Ин магазин“.

„На почетокот имаше љубов, потоа ни се споија световите, па се случи музика. Жената, мајка-кралица, влезе во нашата заедничка работа. Сега сме тројца во мојата музика“, рече музичарот во едно интервју за „Слободен печат“.

ФОТО | Жељко Бебек го прослави 79. роденден во Лондон: Легендарниот пејач го помина овој посебен ден со семејството!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот