Ждреб: Патот на Ѓоковиќ до титулата на „УС Опен“!

фото: инстаграм

Додека во тек се возбудувањата во Синсинати, се одржа и ждребот за претстојниот грен слем турнир „УС Опен“ кој ќе стартува на 31 август.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го дозна патот преку кој ќе се обиде да дојде до четвртата титула на „УС Опен“. Српскиот ас ќе стартува против босанскиот претставник Дамир Џумхур кој беше и еден од учесниците на „Адриа тур“.

Потоа, доколку Ѓоковиќ триумфира над Босанецот, во следната рунда ќе игра со подобриот од мечот Кајл Едмунд-Александер Бублик.

Во третото коло Ноле се очекува да ги одмери силите со Јан-Ленард Штруф од Германија, а доколку одат работите според планираното, Србинот во четвртфиналето за ривал ќе го има најверојатно Давид Гофан.

Во самата завршница првиот светски рекет во претпоследната пречка би се соочил со Стефанос Циципас, а во борбата за титула против Доминик Тим или Данил Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот