Жалост во Црна Гора: Почина Митрополитот Амфилохие од ковид-19

Од Митрополијата соопштија дека Амфилохие почина утрово во 8 часот и 20 минути после примањето на Светата Тајна Причест.

„За сите други детали во врска со погребот на Митрополитот јавноста ќе биде дополнително известена. Вечен спомен и Царство Небесно“, наведуваат од Митрополијата, пренесува РТЦГ.

Амфилохие од 5 октомври во лоша здравствена состојба е примен во болницата во Цетиње, а потоа префрлен во Клиничкиот Центар. Тестирањето покажа дека бил заразен од коронавирус.

Официјалните лица во Црна Гора најавија истрага поради сомнение дека митрополитот бил лекува во цетинскиот манастир надвор од сите процедури.

Митрополитот црногорско – приморски Амфилохие е роден 1938 година во Баре под името Ристо. На Богословскиот факултет во Белград основни студии завршил во 1962 година, а потоа го продолжил школувањето и на крајот во Грција го одбранил докторатот.

Тој е интронизиран за Митрополит Црногорско-приморски, Зетско-брдански и Скендериски и Егзарх на Пеќкиот Трон во 1991 година.

На јавност и беше познат како еден од предводниците на литиите кои се одржуваа во Црна Гора, како и голем противник на Парадата на гордоста.

(Извор: Данас)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот