Зголемени водостоите на реките

Фото: mia.mk

Бранот врнежи што ја зафати земјава, ги зголеми водостоите на реките, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, некои од реките се повеќе од двојно зголемени, а во рамки на просекот за февруари се само Црна и Струмица.

Дојранското Езеро, како и досега, е над месечниот просек, додека Преспанското и Охридското Езеро се намалени. Сепак, Преспанското Езеро за 30 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Видео на денот