Земјотрес од 7 степени ја погоди околината на Тајван, засега без жртви
Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран покрај брегот на Тајван, пренесуваат светските агенции.
Препорачано
Земјотресот е регистриран на длабочина од 73 километри под морското дно, беше почувствуван во северен Тајван, а ги потресе и зградите во главниот град Тајпеј, објави метеоролошката служба, класифицирајќи како потрес од четврта категорија.
Во силен земјотрес што го погоди јужниот дел на Тајван во 2016 година загинаа повеќе од 100 луѓе, додека во катастрофалниот потрес од 1999 година со јачина од 7,3 степени животот го загубија над 2.000 лица. Епицентарот на потресот се наоѓал на околу 63 километри југоисточно од градот Килунг, со приближно 397.000 жители, на длабочина од 73 километри, јавува БТА.
Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а надлежните служби не издадоа предупредување за цунами.
Од Националната противпожарна служба информираат дека е започната проценка на можните последици од земјотресот.
Тајван се наоѓа во сеизмички активна зона, во близина на пресекот на две тектонски плочи, поради што земјотресите се релативно честа појава, потсетува Ројтерс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
7час
-
8час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


