Земјотрес од 5 степени го стресе западниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на подрачјето на западна Турција, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), пренесе BreakingNews.

Според извештајот, потресот се случил во 22:24 часот по локално време, а епицентарот бил на 62 километри југоисточно од градот Баликесир, на длабочина од 11 километри.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот