Земјотрес на Суматра со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го потресе големиот индонезиски остров Суматра, соопшти американскиот геолошки институт.

Земјотресот е на длабочина од 10 километри.

Засега не се пријавени штети или повредени. Властите не издадоа предупредување за цунами.

Архипелагот се наоѓа во сеизмички активна зона во Тихиот Океан, позната како Огнен прстен, и редовно е на удар на силни земјотреси и вулкански ерупции предизвикани од поместување на литосферните плочи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот