Зеленски: Украина е подготвена за одлуки што ќе стават крај на конфликтот

Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украина е подготвена да ги донесе неопходните одлуки на новиот самит на лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија за ставање крај на војната во регионот Донбас, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.

„Време е да се договориме за крај на конфликтот и подготвени сме за неопходните одлуки за време на новиот самит на лидерите на четирите држави”, се вели во изјавата на украинскиот претседател. Во меѓувреме, шефот на кабинетот на претседателот на Зеленски, Андриј Јермак изјави дека Киев сака договор за мерки како примирје и размена на затвореници.

Претходно вчера, украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Украина и САД остануваат обединети во напорите да го решат конфликтот со Москва преку дипломатија и тесно да соработуваат за да ја одвратат руската агресија. Кулеба разговараше со Блинкен еден ден откако САД ја повикаа Русија на разговорите во Женева да повлече околу 100.000 свои војници распоредени долж украинската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот