Зеленски тврди дека Украина е подготвена за контраофанзива

Зеленски / Фото EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Украина е подготвена да ја започне својата долгоочекувана контраофанзива за повторно заземање на територијата окупирана од Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју објавено во саботата.

„Силно веруваме дека ќе успееме“, изјави Зеленски за Волстрит журнал.

„Не знам колку време ќе потрае. Да бидам искрен, може да оди на различни начини, сосема поинаку. Но, ние ќе го направиме тоа и ние сме подготвени“.

Киев се надева дека контраофанзивата за враќање на територијата ќе ја промени динамиката на војната што беснее откако Русија го нападна својот помал сосед пред 15 месеци.

Зеленски минатиот месец рече дека Украина треба да почека да пристигнат уште западни оклопни возила пред да започне контраофанзива. Тој беше под дипломатски притисок да ја задржи западната поддршка, барајќи повеќе воена помош и оружје, што е клучно за Украина да успее во нејзините планови.

Русија држи делови од украинската територија на исток, југ и југоисток.

Долготрајното суво време во некои делови на Украина го поттикна очекувањето дека контраофанзивата може да биде неизбежна. Во текот на изминатите неколку недели Украина ги зголеми нападите врз руските складишта за муниција и логистичките рути.

Во саботата украинската војска во дневен извештај објави дека Маринка во регионот Доњецк на исток била во фокусот на борбите. Украинските сили ги одбија сите 14 напади на руските војници таму, се вели во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот