Зеленски и Трамп за време на тензичната средба пред новинарите во Белата куќа / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Зеленски нема намера да му се извинува на Трамп за расправијата во Овалната соба

Шефот на кабинетот на украинскиот лидер, Михаил Подољак, изјави дека Киев нема да се извини за расправијата меѓу Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, јавува „Њузвик“.

„Зеленски беше апсолутно во право и по прашањето на формата и на содржината, се обидуваше да им го објасни на своите американски партнери клучното – дека ништо не може да се постигне без притисок врз Русија“, рече Подољак.

Тој исто така рече дека не е можно да се постигне позитивен резултат ако сметате „исклучиво на добрата волја на Москва“.

Затоа, нема да се извиниме за потенцијална грешка, која не се случи“, заклучи Подољак.

Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа на 28 февруари. За време на разговорот во присуство на новинари, дојде до расправија, при што Трамп му кажа на Зеленски дека не ги почитува САД, а потпретседателот Џеј Ди Венс истакна дека Зеленски заборавил да му се заблагодари на Вашингтон за поддршката за Киев.

Прес-конференцијата по нивната средба беше откажана, а потпишувањето на договорот за минерали меѓу Украина и САД не се одржа, пренесува „Спутник“.

Трамп потоа на социјалната мрежа Вистина објави дека Зеленски покажал непочитување и неподготвеност мирно да го реши украинскиот конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот