Володомир Зеленски / Фото: Profimedia

Зеленски: Киев чека датум и место за потпишување на договорот за безбедносни гаранции од САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е целосно завршен и дека Киев сега чека потврда за датумот и местото за негово потпишување.

На прес-конференција за време на неговата посета на Вилнус, главниот град на Литванија, Зеленски нагласи дека безбедносните гаранции од САД се клучни за Украина.

За нас, безбедносните гаранции се пред сè гаранциите за безбедност од Соединетите Американски Држави. Документот е 100 проценти готов и чекаме нашите партнери да го потврдат датумот и местото кога ќе го потпишеме, рече Зеленски.

Тој додаде дека, по потпишувањето, документот ќе биде испратен до Конгресот на САД и украинскиот Парламент за ратификација, што формално би ја зајакнало правната рамка за идната безбедносна соработка меѓу двете земји, пишува Ројтерс.

Иако деталите од самиот договор не се објавени, украинските власти претходно нагласија дека безбедносните гаранции вклучуваат долгорочна воена, политичка и финансиска поддршка, како и јасни механизми за помош во случај на нови закани за територијалниот интегритет на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот