Зеленски ги обвини руските сили и Путин за употреба на забранети бомби

Украина војна/ Фото EPA-EFE/ALISA YAKUBOVYCH

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за воени злосторства бидејќи како што тврди силите на Владимир Путин изведуваат напади со касетни и вакуумски бомби

Зеленски соопшти дека „дефинитивно ќе има меѓународен трибунал“ за, како што рече, „кршењето на сите конвенции“ и додаде дека „никој во светот нема да и прости на Русија за убиството на мирниот украински народ. ” Обвинителите во Хаг велат дека имаат намера да покренат истрага „што е можно поскоро“.

Украина војна/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Изјавата Зеленки ја даде веднаш по бобардирањето на Харков со касетни бомби врз , во кое загинаа најмалку 11 лица, а беа ранети уште десетици, и откако украинскиот амбасадор во САД ги обвини силите на Путин дека користеле забранета термобарична бомба за напади. Киев.

Украина војна/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Бомбардирањето на Харков продолжи и денеска наутро со истрелување ракета во близина на зградата на цивилната јавна администрација, уништувајќи го предниот пат и кревајќи ги во воздух прозорците на самата зграда. Снимките од внатрешноста покажуваат дека зградата е тешко оштетена, со срушени тавани и расфрлани урнатини.

Војна Украина/ Фото EPA-EFE/ANDRII NESTERENKO

Овие обвинувања доаѓаат во време кога руската инвазија на Украина – се соочува со неуспех во реализацијата на својот првичен план да ги окупира клучните цели и инфраструктура со прецизни удари – Руската воена операциј сега е влезена во нова фаза, и има за цел да ги држи под опсада градовите Харков, Киев. , Мариупол, Суми и Керсон, кои досега пружија жесток отпор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот