Зеле: „Криво је море“ и „Једина моја“ се дел од општата култура

Овој албум „Џубокс“ е различен од сите останати. Македонците прилично се запознаени со моите песни. Јас сакав сите овие 40 години, песни, спомени , она што публиката го сака, да го ставам на едно место, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, основачот на Дивље Јагоде, Сеад Липовача – Зеле.

-Тогаш се сетив на „Џубокс“. Тоа е една метафора на се што се случи во минатото. 40 години звучи многу за еден бенд. Ако некој ми речеше дека Дивље Јагоде ќе траат 10 години, јас ќе помислев дека е луд. И свесен сум и не сум, за тоа колку гитаристи своите први акорди ги имаат направено со „Криво је море“. Кога ги посетувам Скопје, Загреб, Сараево, Белград, па и пошироко ми приоѓаат и ми велат – јас се заљубив на песната „Криво је море„, се разведов со некоја друга песна. Мислам дека „Криво је море“ и „Једина моја“ се општа култура, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, основачот на Дивље Јагоде, Сеад Липовача – Зеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот