Зеќири се појави во судница по три месеци, случајот се враќа на почеток

Мухамед Зеќири во Кривичниот суд / Фото: МИА

Судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, обвинет за злоупотреба на службената положба, денеска се враќа на почеток. Причината е тоа што во судскиот процес против Зеќири три месеци не се одржа ниедно рочиште, но и промената на членови на Судечкиот совет.

Расправите за случајот беа долго во прекин откако одбраната на Зеќири oбезбеди препорака на психијатар, кој проценил дека на Зеќири му е влошена психичката состојба.

До Судот е доставено ново стручно мислење на вешто лице – психијатар, според кое заради влошување на психичката состојба на обвинетиот, се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели, стои во соопштението од Кривичен објавено пред еден месец.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

На 9 април минатата година на Зеќири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот