ЗЏМ Биг Бенд со бесплатен концерт го одбележува Светскиот ден на музиката

Биг Бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје на 21 јуни (среда) ќе одржи целовечерен концерт насловен „Jazz & Roll“ на платото пред „Филхармонија Кафе Бар“.

Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а влезот е бесплатен.

Светскиот ден на музиката се слави секоја година на 21 јуни. Овој датум е избран да се совпадне со летната долгоденица, ден кој ја симболизира совршената рамнотежа на светлината и темнината и служи како метафора за хармонијата и единството што музиката ги носи во нашите животи, надминувајќи ги разликите и поттикнувајќи чувство на единство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот