Здруженија и фондации ќе добијат 496,7 милиони денари од буџетот

Информација за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија во 2018 година и планирани средства за годинава е усвоена на денешната седница на Владата.

Според информацијата, минатата година за оваа намена доделени се 428.903.454 денари финансиска поддршка на 888 здруженија и фондации, а за 2019 година за истата цел се предвидени 496.773.000, соопшти владината прес-служба/

На седницата е усвоена и информација за почнување активности за спроведување на Национална стратегија за мали и средни претпријатија  2018-2023 со Акциски план. Целта на стратегијата е да обезбеди услови за ефикасна имплементација на регулативата и мерките за подобрување на инвестициската клима за домашните мали и средни претпријатија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот