Здравствените работници во среда излегуваат на протест, независно дали утре ќе им легне плата

матични лекари протест (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

И покрај што им ветија дека утре ќе им биде исплатена јануарската плата, сепак, здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ денеска најавија дека в среда излегуваат на протест.

„Добивме ветување од директорката на Фондот дека во понеделник до крајот на работното време ќе бидат исплтени планите на Клинички. Ние тоа го почитуваме. Но, доколку не бидат исплатени платите ние во вторник ќе свикаме извршен одбор, ќе свикаме совет и ќе донесеме одлуки за понатамошни чекори. Независно, во вторник и да бидат исплатени платите, протестот во среда ќе се одржи“, вели претседателот на Синдикатот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Горан Беговиќ, пренесува Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот