Здравствен работник кој се грижи за здравјето на фудбалерите на ФК „Каменица Саса” позитивен на Ковид-19

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Здравствен работник од Македонска Каменица е петтиот позитивен случај на вирусот Ковид-19 во оваа општина. Лицето кое се грижи за здравјето на фудбалерите на ФК „Каменица Саса” веста ја дознало денеска по направените тестирања во клубот, по што јавно ја соопшти на својот фејсбук профил.

– Почитувани сограѓани. Чувствувам општествена одговорност да ве информирам дека пред почетокот на фудбалската 2020/21 сезона, сите членови на стручниот штаб на ФК „Каменица Саса” и фудбалерите бевме тестирани за Ковид-19 по протокол. Денес ми соопштија дека на тестот за жал сум позитивен и покрај целосно почитување на мерките на работа и приватно. За сега немам никакви симптоми, но следат денови на изолација, денови на борба, за која сум сигурен дека со помош на моето семејство ке победиме. Останете во добро здравје и почитувајте ги мерките, се наведува во соопштението на здравствениот работник по повод неговиот позитивен тест.

Освен здравствениот работник, кој е вработен во Итната медицинска помош во Македонска Каменица, според информациите од Здравствен дом „Гоце Делчев” во Делчево кој е надлежен и за здравствената станица во Македонска Каменица, од направените тестирања во клубот има уште едно лице позитивно на вирусот кое е без симптоми.

Во текот на денешниот ден беа потврдени и претходно регистрираните два позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево. Во останатите општини кои гравитираат околу Делчево, откако неколку дена по ред имаше зголемување на случаите со Ковид-19 во Малешевијата, денес не е регистриран ниту еден случај на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот