Здрав десерт: Чоколаден пудинг кој ќе ве држи сити

Чоколаден пудинг / Фото: Pexels

Доколку избегнувате шеќер затоа што сакате да ја намалите телесната тежина или ако ви треба дополнителна доза протеин, овој пудинг е совршеното слатко задоволство за вас. Дефинитивно, ќе ве држи сити со часови.

Потребни состојки:

  • ½ авокадо
  • 1 лажица лешници
  • 1 лажица чиа семе
  • ½ сусам
  • 1 лажичка семки од тиква
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажица путер од кокос
  • 3 лажички какао
  • 1 банана
  • 2 лажички лед или сируп од агава
  • темно чоколадо за декорација
Фото: Pexels

Подготовка:

Потопете го чиа семето со половина чаша топла вода. Исечете го авокадото на половина, извадете му го семето и излупете го овошјето.

Измешајте ги лешниците, сусамот, семките од тиква и сомелете ги во соодветна машинка за мелење. Доколку немате нешто такво, пробајте и со миксер.

Додадете ги бананата, авокадото, омекнатиот путер од кокос, чиа семето и циметот во блендер и измешајте ги сите состојки. Мешајте барем една минута за да добиете кремаст пудинг. Секако, можете да додадете уште малку вода доколку процените дека е потребно.

Добиениот пудинг украсете го со рендано темно чоколадо.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот