Зборот „суета“ беше туѓ: Андријана Јаневска со приказна за Тоше и Каролина
Андријана Јаневска сподели емотивен спомен на Тоше Проески, стар цели 25 години, а во приказната е и Каролина Гочева.
Препорачано
Пејачката, виолинистка и професорка сподели спомен од 2021 година, кога објави нејзина заедничка фотографија со Тоше и Каролина, за која рече дека е направена од Ребека Јанковска-Ристески.
„Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“, напиша Андријана.

Инаку, Јаневска раскажа ретка приказна за Тоше Проески на крајот од 2025 година, за една посебна ноќ пред 26 години.
Пејачката и виолинистка гостуваше во поткастот „Равенка за успех“, кој го води Маја Поцевска, и се присети на една случка, раскажувајќи ја нејзината историја со Тоше.
„Тоа беше 1999 година. Меѓутоа, ние немаме официјално снимено песна со Тоше, туку само бев гостин на неговиот прв солистички концерт на Кале, каде што врнеше цела вечер, меѓутоа навистина беше прекрасно. Незаборавно. Прво ми беше другар, заради тоа што и тој учеше во музичкото училиште во Битола, јас учев во Скопје. Помеѓу училишните обврски, знаеше доста често да дојде во Скопје, го снимаше првиот албум, јас му ги пеев придружните вокали и многу често се дружевме и бевме заедно“, се присети Андријана на својот пријател.


