ЗБОГУМ АЈФОН? Нов уред на „Епл“ целосно ќе го замени нивниот најпознат производ

Американскиот технолошки гигант „Епл“ ќе ги замени своите ајфони со паметни очила во следните десетина години, пренесе порталот „Хапербист“.

Потпретседателот на компанијата Марк Роквел, како што јавуваат изворите од „Епл“, во октомври одржал состакот со вработените за деталите околу дизајнот и карактеристиките на паметните очила кои треба да го заменат ајфонот.

Управата на „Епл“ смета дека во иднина очилата целосно ќе ги заменат паметните телефони. Првиот ваков уред, кој се очекува да биде пуштен во употреба во 2022 година, ќе има екран со висока резолуција, камера од внатрешната страна и способност да ја мапира околината, налик на уредите за вирутелна реалност (ВР).

Вториот уред ќе наликува на обични очила за сонце со дебела рамка, во која ќе биде поставена батеријата и процесорот. Овој уред ќе биде наменет за секојдневна употреба, со што „Епл“ ќе се приближи до својата долгорочна цел за замена на ајфонот.

Технолошкиот гигант работи и на очила за проширена реалност (АР) уште од 2015 година, но се уште во јавноста нема објавено ваков тип на проект, што е карактеристично за оваа компанија. Многу од овие уреди се дел од намерата на компанијата да ја вклучи технологијата во функционалните аспекти на секојдневниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот