Заврши вимлдонскиот сон за Гоф

Најголемата сензација на овогодинешното издание на Вимблдон, младата 15-годишна американска тенисерка Кори „Коко“ Гоф е елиминирана во осминафиналето. Таа е поразена од седмата носителка и поранешна најдобра тенисерка на ВТА ранг листата, Симона Халеп во два сета и тоа со 6:3,6:3.

Младата Гоф не се исплаши од искусната романска тенисерка но го плати данокот на неискуството. Дуелот започна со два брејка во првите два гема, но во продолжението на првиот сет, Халеп успеа уште во два наврати да го одзеде сервисот на Гоф и да рутински со 6:3 да го добие првиот сет.
И во вториот сет, речиси идентична слика на почетокот, на брејкот на Халеп, Гоф веднаш одговори на рибрејк. Но во шестиот гем од вториот сет, Халеп повторно прави брејк и предноста ја задржува до крајот на мечот за победа и пласман во четвртфиналето.

За разлика од Гоф, убедлив настап имаа гран слем шампионите, Серена Вилијамс во женска и Рафаел Надал во машка конкуренција.
Вилијамс на два пати со по 6:2 ја победи Карла Суарез Навари и си закажа четвртфинална пресметка со сонародничката Алисон Рикс која направи изненадување и ја елиминира првата светска тенисерка, Ешли Барти.
Рафаел Надал за еден час и 45 минути игра со 6:2,6:2,6:2  славеше против Жоао Соуса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот