Заврши првата вечер на „Макфес“т: Вечерва, финале без гласање

Штип овој викенд живее во знакот на најпознатиот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест 2023“. На првата фестивалска вечер која се одржа во Домот на културата „Ацо Шопов“, настапија 13 млади музички имиња, а петмина се квалификуваа за настап и на финалната, односно денешната вечер.

Петте избрани учесници од првата вечер се Александра Трајческа, Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ, кои ќе застанат рамо до рамо со денешните изведувачи на макфестовската сцена.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/„Макфест“

Водители и вечерва ќе бидат Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски.

Втората вечер е резервирана за звучни имиња од македонската музичка сцена, а на сцената ќе видиме 18 изведувачи. Вечерта ќе биде од ревијален карактер, што значи дека нема да има гласања, односно ќе биде без доделување награди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот