Заврши јубилејното 20. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“

Крајот на јубилејното 20. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ беше означен со објавувањето на наградите во официјалната конкуренција на 21 јули во МКЦ Парк, иако програмата на фестивалот продолжи и на 22 јули, за да бидат прикажани и филмовите од одложените проекции поради временските услови.

Натпреварувачката програма на „Синедејс“ ја следеше комисијата во состав Славко Собин – актер, Зејнеп Атакан – продуцентка и Марисела Росети, одговорна за наградата „Лукс“ (LUX Award).

Во официјалната селекција наградата „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Улиште“ (Hive), во режија на Блерта Башоли, со образложението: „Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума“.

Во „SEE програмата“, наградата „Златно сонце“ за најдобар филм ја доби „Мир и хармонија“ (It’s all about peace and harmony) од Несими Јетик, за кој жирито истакна: „Многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња. Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 90, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 24-25 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот