Затвореници во Белгија сошија 42 илјади заштитни маски

Фото: ЕПА

Осудените лица во затворите во Белгија досега сошиле 42 илјади заштитни маски за лице, за да го намалат недостатокот во таа замја, но тие и понатаму не можат да ја исполнат побарувачката, изјави Кетлин ван дер Вијвер, портпаролот на  Затворската служба.

Според нејзините зборови, направените маски се пратени до персоналот во затворите и осудениците кои ја приготвуваат храната. Таа истакна дека маските рачно се изработуваат на четири локации и дека се предадени на персоналот во сојузните агенции и на судиите.

-Имаме нарачки до крајот на мај. И понатаму добиваме голем број нарачки, но неможеме да ја задоволиме побарувачката. Во меѓувреме, целта ни е секој затвореник да носи маска, рекла Ван дер Вијвер.

Таа истакнала дека досега во затворите ширум Белгија 13 осудени лица биле позитивни на ковид-19 и дека 61 член на персоналот е заразен. Од заразените лица 28 се вратиле на работа.

Белгија планира постепено да и укинува рестриктивните мерки од 4 мај, кога заштитните маски ќе бидат задолжителни во јавниот превоз и за секој постар од 12 години.

Слични мерки се поставени и во Полска, каде во притворското одделение притвореничките кои чекаат судеење се ангажирани и изработуваат заштитни маски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот