Затворени двата генерални конзулата на Русија во Бугарија заради протерувањето на 70 руски дипломати 

Фото: Профимедиа

Конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец, јави дописникот на МИА од Софија.

Филип Воскресенски, советник во руската Амбасада во Софија, за Тасс изјави дека секој кој претходно контактирал со руските конзулати во Бугарија може да се јави во амбасадата кога конзулатите ќе продолжат со работа.

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за протерување на 70 руски дипломати е чин без преседан во бугарската дипломатија, што според неа ќе има долгорочни последици. Нинова изјави дека категорично е против ваквата одлука.

Владислав Панев од Демократска Бугарија рече дека ја поздравува одлуката за влез во Советот на министри пред состанокот на владејачката коалиција во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот