Заталкан куршум оштети „масерати“ и „фиат“, ОВР Гостивар на терен

Во саботата, околу 15,30 часот било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, на паркинг од заталкано зрно од огнено оружје биле оштетени две патнички возила, но оти во инцедентот нема настрадани.

Станув збор за автомобил „масерати“ со хрватски национални ознаки, сопственост на правно лице а паркирано од 26-годишниот А.М. од село Добридол и „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 28-годишниот Б.Б. од истото село.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот