Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Елизабета Канческа-Милевска

Фото: Архива-Слободен печат

Случајот „Тендери“ на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), застаре поради неодаменшните измени во Кривичниот законик. Во овој случај една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

-Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна. Пресудата КОКЗ.бр.149/23 е донесена на 15.02.2024 година и е предадена на првостепениот суд, потврдија од Апелација.

Поради измените во Кривичниот законик, донесени по „скратена постапка“ во септември лани, претходно застареа дел од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „Траекторија“ и „Моќник“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

 

Застаре и случајот „Топлик“ за продажба на земјиште во Сончев град

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот