Фото: „Слободен печат“

Засега никој не се разболел поради ѓубрето во Скопје, но лекарите предупредуваат: „Внимавајте додека градот не се исчисти“

Досега не се забележани заболувања што се директно поврзани со насобраното ѓубре во Скопје, но треба да се внимава особено во овој период, додека не се расчисти ѓубрето, порача епидемиологот и раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје, доктор Драган Кочински.

— Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да се исфрла смет. Ракавиците сепак стојат како опција кога се исфрла сметот. Дезинфекција на рацете, да се исфрла сметот во простор определен за тоа. Да не се создаваат диви депонии. А со тоа ќе се овозможи и да не се шират тие заболувања. Секако дека тука е и апелот до властите, тие што се надлежни за тоа, сметот да се собира навремено и да не доаѓаме до вакви ситуации — истакна Кочински.

Изминатиот период на улиците во Скопје имаше несобран смет, а лекарот ги посочи препораките на Институтот за јавно здравје за заштита.

Тој подвлече дека препораките важат за период кога има натрупано ѓубре и кога треба да се внимава на сопственото здравје и на здравјето на другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот