Запознајте ја ПРЕКРАСНАТА СОПРУГА НА АЛБИН КУРТИ, вистинска дама со интересно потекло (ВИДЕО+ФОТО)

Принтскрин

Во недела во Косово ќе се одржат предвремените парламентарни избори, така што изборната кампања на партиите и коалициите е при крај.

Веќе има и пет номинирани кандидати за премиер на Косово, а меѓу нив е и лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти.

Но тоа што го привлече вниманието на јавноста во изборните собири што ги одржуваше Курти, е и присуството на поубавата половина на овој косовски политичар. Курти се појави заедно со сопругата Рита Аугестад Кнудсен, која според фотографиите кои ги објавуваат косовските медиуми е вистинска дама.

Рита е Норвежанка, а пред да започне изборната кампања, Курти за медиумите откри дека со неа се запознале во Приштина. Парот се во брак од 2015 година и имаат прекрасна ќеркичка по име Леа.

Инфокус

Инаку, на вонредните избори на 6 октомври во Косово учествуваат 25 политички субјекти, а право на глас имаат помалку од два милиони лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот